На фотографијата се гледа како хирургот од Кина, Луо Шанпенг заспал до операционата маса, додека сѐ уште ја држи тукушто „прикачената“ рака на повреден работник, операција која претходно ја извршил самиот Луо.

Тој е прогласен за херој од страна на неговите сонародници затоа што цели 20 часа без пауза за да спаси пациенти кои биле во животно-загрозувачка состојба.

Пред да ја изврши последната операција, 6-та по ред, која траела 8 часа, Луо извршил и 5 други операции во истиот ден. Фотографијата ја направила една од медицинските сестри, од почит кон хирургот. Луо вели дека само сакал да ги одмори очите и дека не очекувал да заспие.

Раката на човекот била скоро откината од неговото тело, откако случајно му останала заглавена во машина за мелење на место на работното место. Иако Луо веќе работел и прекувремено прифатил да ја изврши и оваа операција ззатоа што како што вели самиот: „Доколку не го направев тоа пациентот ќе ја изгубеше раката.“

Тој морал да ја држи раката на пациентот затоа што пациентот сè уште бил подложен на општа анестезија, а раката не можела да допре ништо друго додека гипсот не се исуши.

Сподели на Facebook
пати видено