Во вторникот, Боинг го претстави својот прв концепт за хиперсоничен патнички авион за време на конференцијата на американскиот Институт за аеронаутика и астронаутика во Атланта. Авионот може теоретски да патува пет пати побрзо од брзината на звукот или 6174 км/час. Со таа брзина, летот помеѓу Њујорк и Токио, кој во моментов трае 14 часа, ќе се намали на само неколку часа.

Главниот технички соработник на Боинг за хиперсониците Кевин Боукут изјавил дека леталото користи специфичен тип на мотор познат како ramjet, главен елемент на многу хиперсонични модели на возила. Тој, исто така, објасни како остриот напреден дизајн на хиперсоничниот авион ќе произведе минимално влечење, додека неговата разделена опашка ќе помогне да се стабилизира и управува авионот.

Тие веќе еднаш изградиле и летале со авин кој ја надминува хиперсоничната брзина, како што е Боинг X-51 Waverider, но сега сакаат да направат и патничка верзија. Сепак е прилично поскапо да се направи патника верзија од ваков авион.

Боинг е далеку од единствената компанија која размислува за иднината во која патуваме со таква брзина. Во јуни 2017 година, Локхед Мартин ги објави плановите за започнување на развојот на СР-72, хиперсоничен воен авион.

Сподели на Facebook
пати видено