Европската вселенска агенција инвестирала 11 милиони долари за развој на мотор кој еден ден ќе овозможи да се патува било каде за само неколку часа. „Риакшн Енџинс“ од Оксфорд развива турбина која комбинира технологии за млазен и ракетен погон за да се постигнат брзини петпати од брзината на звукот.

Според фирмата, со оглед на договорот со Европската вселенска агенција, како и со Британската вселенска агенција и партнерството со БАЕ системс значи дека нивниот прв мотор би можел да биде готов за тестирање до 2020 година. Риакшн Енџинс објавиле дека обезбедиле 66 милиони долари од британската влада, како и повеќе од 55 милиони долари од Британската вселенска агенција.

Револуционерниот мотор ќе овозможува полетување директно од пистата, забрзувајќи со брзина пет пати поголема од брзината на звукот, за потоа да се префрли на ракетно гориво, вивнувајќи се во орбитата. Овој дизајн би овозможил и праќање на сателити во вселената за само дел од сегашните трошоци.

av01 av02 av03 av04 av05 av06 av07

Сподели на Facebook
пати видено