Лиланд Мајкл Фостер од Оклахома бил застрелан од страна на соседот додека се обидувал да ги удави во кадата своите 3-месечни близнаци. Сопругата на Фостер се јавила во полиција за да пријави дека нејзинот маж држи нож во раката и ги дави нивните бебиња.

Жената врескала додека зборувала на телефон, затоа што тој се обидувал да ја убие и неа. Полицијата тргнала кон домот на Фостер, но во меѓувреме 12-годишната внука на Фостер која била во куќата во тој момент, отишла во куќата на соседите и молела за помош.

Соседот Кеш Фриман (на сликите подолу) земал револвер со себе и веднаш се упатил кон куќата на Фостер.

Кога Фриман влегов во куќата Фостер ја држел сопругата под нож а бебињата се давеле во кадата. Фриман испукал два куршума и го убил Фостер. Полицијата по извршениот увид го пуштила Фриман на слобода, но ќе биде спроведена доплнителна истрага за да се види дали пукањето било оправдано.

Фостер и претходно и бил познат на полицијата, поради неколку обвиненија за семејно насилство. Бебињата се наоѓаат во болница и се надвор од животна опасност.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено