Таткото на девојчето, Сорачат Садуде се враќал дома откако ги земал своите две ќерки од училиште од Тајланд. За жал на неговата помала ќерка, 8-годишната Каимок почнало да ѝ се лоши.

Наскоро започнал епилептичен напад и пена почнала да излегува од устата на девојчето. Нејзиниот татко се обидувал да ја однесе во болница, но заглавил во сообраќајниот метеж.

Испаничениот родител не знаел што да прави па затоа го отворил прозорецот и почнал да бара помош. Во тој момент со својот мотор тука поминувал 28- годишниот Итипон Печфибунпунг, кој ја снимил целата ситуација со кемерата на неговиот мотор. Тој го забележал испаниченото семејство и решил да им помогне на било кој начин. Му понудил на татакото заедно со девојчето да се качат на неговиот мотор и да ги однесе до најблиската болница.

За неколку минути пристигнале во болницата, многу побрзо отколку што би можел Сорачат да го направи тоа со автомобилот. На девојчето му била укажана помош, а потоа било префрлено во друга болница. Сорачат вели дека многу му е благодарен на Итипон бидејќи ѝ го спасил животот на неговата ќерка. Додека пак Итипон изјавил дека сосема го разбира Сорачат затоа што и тој е татко и знаел дека мора да помогне.

Сподели на Facebook
пати видено