Да се биде возач на автобус на прв поглед не изгледа како многу опасна професија. Но, ова не важи за Глориосо Алданиега, кој ја има една од најопасните работи во светот. Тој го вози автобусот до Лима. Глориосо работи како возач на автобус веќе 50 години, тој започнал да вози првин камиони низ Андите дури кога имал само 14 години.

„За да возиш тука низ Андите мора да останеш смирен. Мора да бидеш силен. Малку е тешко.“, вели тој. Сепак Глориосо е малку скромен кога вели дека е е „малку тешко“, бидејќи патот кој тој треба да го помине се состои од неверојатни кривини, бездни и патчиња толку тесни што некој не би помислил да помине ниту пеш.

Секоја година околу 1000 луѓе ги губат животите на овие планински патишта во Перу. Насекаде долж патот има споменици на луѓе кои загинале на тие места. За Глориосо ова е само обичен ден затоа што тој ја вози оваа рута веќе 12 години. Патиштата се толку сурови што гумите на автобусот треба да се менуваат на секои 10 недели. Поминете го овој пат заедно со Глориосо во видеото.

Сподели на Facebook
пати видено