Затворот Франкланд во Дурхам нуди опција за хемиска кастрација. Во овој затвор се наоѓаат едни од најозогласените убијци и педофили во Англија. Хемиската кастрација треба да ги спречи нивните одвратни нагони. Според професорот Дон Грубин програмата е започната токму во овој затвор затоа што тука се наоѓаат едни од најголемите сексуални прекршители.

Иан Хантли кој силувал и убил две девојчиња во 2002 година и Леви Белфилд кој е осуден за силување и убиство на девојче кое исчезнало во 2002 година, се наоѓаат во затворот Франкланд. Ниту еден од овие двајца не се пријавил за хемиската кастрација, која е доброволна. Професорот Грубин вели “Нивната сексуална возбуда е толку девијантна, што ги спречува да се вклучат во било каков психолошки третман”.

Иан Ханли осуден за убиство на Холи Велс и Џесика Чапман во 2002

Програмата е спроведена од страна на НХС Англија, Националната служба за сексуални прекршоци и Сандеј Пипл. “Целта е сексуалните прекршители да ги совладаат своите нагони, програмата се води од медицински причини а не како превенција. Превенцијата е само корисен пропратен ефект”, вели професорот Грубин.

Леви Белфилд осуден за силување и убиство на Мили Довер која исчезнала во 2002 година

Македонија исто така воведе закон за хемиска кастрација во 2014 година, која што е задолжителна за прекршителите кои го повториле делото, а за новите престапници е опција доколку сакаат да им се намали казната. Сепак овој закон не заживеа во пракса.

Сподели на Facebook
пати видено