Фасцинантно е да се земе предвид колку древни учења ни велат дека луѓето имаат капацитет за необични моќи преку различни техники. Некои од овие техники, во јога традицијата познати како „сиди“ (од санскрит, со значење „совршенство“) вклучуваат медитација, постење и сл. Во будизмот, на пример, постоењето на напредни моќи е широко прифатено. Всушност, самиот Буда очекувал неговите ученици да бидат способни да се здобијат со овие способности, но исто така и да не се поведат по нив и да скршнат од патот на просветлението. Доналд Лопез Помладиот, професор по будистички и тибетски студии при Универзитетот на Мичиген, опишува многу од овие моќи припишани на Буда;

Со негоото просветление, тој верувал дека има секаков вид натприродни моќи, вклучително и потполно познавање на неговите претходни животи, како и животите на други сушстества. Верувал дека има способност да ги знае мислите на другите, да се дуплира себеси, да се крене во воздухот и од неговото тело истовремено да исфрла оган и вода…Иако преминал во нирвана на возраст од осумдесет и една година, можел да живее `цел еон` доколку тоа било побарано од него.

Има бројни историски анегдоти со луѓе со дополнителни човечки капацитети. Со оглед на тоа што овој напис се однесува на будистичките монаси, еве уште еден таков пример, како што запишал Свами Рама во „Живеејќи со хималајските мајстори“.

hr

Сѐ уште не сум видел човек кој може да стои мирно без да трепне осум до десет часа. Сепак, овој вешт човек беше многу необичен. За време на своите медитации, тој левитираше 70-тина сантиметри. Го измеривме ова со конец, чијашто должина потоа ја измеривме со линијар. Сакам да бидеме на чисто, сепак, како што веќе ви кажав, левитацијата јас не ја сметам за духовна практика. Тоа е напредна практика на пранајама…Тој кој ја познава врската меѓу масата и тежината, знае дека е возможно да се левитира, но само по долго вежбање….

Тој исто така имаше моќ материјата да ја претвора во различни форми, како на пример да претвори камен во шеќерна коцка. Следното утро стори многу такви нешта едно по друго. Ми кажа да го допрам песокот – и зрнцата песок се претворија во бадеми и кашуа. И порано бев слушнал за оваа наука и ги знаев нејзините основни принципи, но не ми се веруваше во таквите приказни…

Многу од овие приказни се дел од литературата и фолклорот, но тие се само приказни и останува на самите читатели да одлучат дали ќе им придадат некаква веродостојност. Но, во ова се вмешува и науката, која фрла светло врз можните вистини на древниот мистицизам. Имено, изведени се бројни истражувања на полето на парапсихологијата кои дале статистички значајни резултати, особено со истражувањата на полето на квантната физика. Токму затоа Макс Планк, теоретскиот физичар кој ја поставил квантната теорија, изјавил дека свеста ја смета за основа. Тој исто така напушал дека „не можеме да застанеме зад свеста“ и дека сѐ за што зборуваме, сѐ што сметаме дека постои се должи на свеста. А и Далај Лама го поддржал ова гледиште. Се чини дека будистичката философија и квантната механика се согласуваат во поглед на повеќе аспекти.

Р.К, Хенри, професор по физика и астрономија на Универзитетот на Џон Хопкинс, објаснува подетално:

Основен заклучок на новата физика е дека набљудувачот ја менува реалноста. Како набљудувачи, ние сме лично вклучени во создаањето на нашата сопствена реалност. Физичарите се приморани да признаат дека универзумот е `ментална` конструкција.

Физичарот сер Џемс Џинс напишал:

Текот на знаењето е упатен кон немеханичката реалност; универзумот започнува повеќе да наликува на една голема мисла, отколку на една голема машина. Умот повеќе не се чини како случаен натрапник во областа на материјата…Прифатете го тоа. Универзумот е неметаријално-умствен и духовен.

Харвард и хималајските монаси

За време на посетата на далечните манастири во 1980-тите, Херберт Бенсон, професор по медицина на Харвард и неговиот тим истражувачи ги проучувале монасите кои живеат во Хималајските планини кои можат да ја кренат температурата на своите прсти на рацете и нозете до 17 степени со помош на јога техниката Тум-мо. Сѐ уште е непознато како монасите можат да создадат таква топлина.

И не застанува на ова – истражувачите ги проучувале и напредните медитатори во Сиким, Индија, каде што биле запрепастени кога дознале дека монасите можат да го снижат својот метаболизам за 64 отсто. Во 1985 година, харвардски истражувачки тим снимил видео како монасите сушат студени, мокри чаршафи само со топлината на нивните тела. Исто така, познато е и дека монасите минуваат ноќи во високите и студени хималајски планини.

Ова се навистина впечативи подвизи, и не е првпат науката да проучува луѓе кои можат да прават исклучителни нешта.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено