Од пајак кој изгледа како шапка на волшебник до црв од длабочините на морето кој потсетува на пирошка. Научниците ги открија топ 10те нови видови за 2017 година. Во оваа листа може да се најде бубачка која што можете да ја замените со лист, домат кој крвари кога ќе го исечете и слично. Првата листа е објавена во 2008 година и оттогаш биле откриени речиси 200.000 нови видови, но експертите предупредуваат дека стапката на откривање на нови видови ќе се намали поради тоа што се зголемува стапката на истребувањето.

1. „Хари Потер“ пајакот- Eriovixia gryffindori

Пајакот е пронајден во Западен Гхатс, во Карнатака, Индија и има неверојатна сличност со шапката на волшебниците од Хари Потер. Тој го носи името на Грифиндор, еден од четирите основачи на Хогвортс училиштето за магии и волшебништво. Роулинг, авторката на Хари Потер серијалот им честитала на научниците преку Твитер. Малиот ноќен пајак од 7 милиметри живее меѓу мртвите, суви лисја поради тоа што се одличен начин за камуфлажа.

2. Розовиот „лист-инсект“ – Eulophophyllum kirki

Бил откриен додека истражувачите биле во потрага по тарантули и змии во Борнео, Малезија. Именуван по фотографот на единствениот познат примерок, Петар Кирк, Eulophophyllum kirki користи боја и мимикрија за да се вклопи во околните лисја. Инсектот е долг 40 милиметри, мажјаците се зелени а женките розови.

3. Сештојаден стаорец – Gracilimus radix

Сештојадниот Сулавеси „коренски“ стаорец, откриен во Индонезија, јаде и растителни и животински материи, што го прави единствен меѓу своите строго месојадни роднини. Тој понекогаш се храни со корени па поради тоа делот од името „radix“ е изведен од латинскиот збор за корен.

4. „Стоногалката“ со 414 нозе- Illacme tobini

Овој нов вид на стоногалка е откриен во темните тунели на мермерната пештера во Националниот парк Секвоја во Калифорнија, го остави научниците збунети. Уникатното суштество има 414 нозе, четири пениси, бизарен изглед на усните и лачи отровни хемикалии како одбранбен механизам.

5. Мравка „Игра на Тронови“- Pheidole drogon

Научниците биле инспирирани да го наречат овој нов вид на мравка по Дрогон, еден од земејовите од серијата „Игра на Тронови“, поради тоа што правката имала големи боцки како змеј. Откриена е во тропските дождовни шуми на Папуа Нова Гвинеја.

6. Слатководни „Крал“ Раи -Potamotrygon rex

Откриена е во реката Токантинс во Бразил. Тие можат да тежат и до 20 килограми.

7. Отровна стоногалка- Scolopendra cataracta

Ова стоногалка од 20 сантиметри изгледа како да излегла од вашите кошмари. Таа е отровна, има 20 пара нозе и зеленикаво-кафеава боја.

8. Доматот кој крвари- Solanum ossicruentum

Зелените овошки од овој вид испуштаат црвена течност како крв пред целосно да созреат во сува бела ковчеста структура. Името на овој домат му го дале деца од 7мо одделение, за време на час по биологија.

9. Ѓаволски орхидеи- Telipogon diabolicus

Во јужна Колумбија е откриен нов вид на орхидеи, комбинација од машки и женски делови на растението во едно и има голема сличност со главата на ѓаволот.

10. „Чуро“ розовиот црв- Xenoturbella churro

Овој црв наречен по шпанско пржено тесто, беше откриен на 3.600 метри под морето и може да биде еден од нашите најстари предци.

Сподели на Facebook
пати видено