Кога водачот на јатото оди во погрешна насока, што ќе направи јатото? Со луѓето никогаш не се знае, но гулабите секогаш е си го најдат својот пат до дома. Или водачот гулаб ќе увиди дека нема поим и ќе се врати назад во јатото, препуштајќи им го водството на птиците кои го знаат патот, или јатото колеткивно одлучува дека правецот во кој ги води птицата предводник едноставно се чини неправилна и не го следи.

Неколку европски научници известуваат за ова откритие во интересна статија во научното списание „Писма по биологија“ наречена „Заблудените лидери го губат влијанието во јатото на гулабите“.

Изабел Ватс, докторант по зоологија на Оксфорд, го извршила истражувањето заедно со нејзините ментори Тереза Бурт де Перера и Дора Биро, со учество на Мате Наги, статистички физичар од Унгарија, кој е соработник на повеќе институции меѓу кои Оксфорд и Унгарската академија на науките.

Д-р Биро, која го проучува социјалното однесување кај приматите, како и кај гулабите, вели дека низ нејзиниот труд најчесто се провејуваат прашањата за напуштањето на групата и какви предизвиди и можности тоа. Таа и нејзините колеги од Оксфорд се пионери во нов метод на проучување на однесувањето на јатото при кој се употребуваат GPS уреди со голема прецизност, кои птиците ги носат во мали торбички. Уредите ја снимаат деталната позиција на секоја птица. Истражувачите од Будимпешта и Оксфорд развиле софтвер кој ги анализира малите движења и реакции на секоја птица во јатото. Преку овој метод научниците можат да препознаат кои гулаби го водат јатото и како секоја птица реагира на промените во летот на другите птици.

Водачите вообичаено се брзите летачи и застануваат на чело на групата а другите гулаби ги следат. Но, што ќе се случи ако еден ден водачот тргне во погрешен правец? Истражувачите успеале да ги снабдат водачите со погрешни иформации така што неколку дена ги чувале во гулабарници со вештачко осветлување. Со измена на времето кога светлата се гасат и палат, за разлика од природниот циклус на денот и ноќта, истражувачите успеале да го поместат внатрешниот часовник на гулабите за неколку часа.

Гулабите се управувват според положбата на сонцето и нивниот внатрешен часовник, па така оваа интервенција на научниците го пореметила нивното чувство за правец и го погрешиле правецот кон дома. Но, јатото веднаш се поправа во својот лет и го наоѓа вистинскиот правец. Д-р Биро не знае точно на кој начин тие го прават тоа. „Следбениците сите ја имаа правилната информација, па така тие можеби колективно си кажале – овој тип греши, ајде да не го следиме повеќе“, вели таа.

„Потоа, водачот би си кажал „Нешто овде не е во ред“ и ќе се врати назад во јатото, практично избирајќи повеќе да не води, а друг гулаб кој го знае патот го превзема водството“, заклучува Биро.

Сподели на Facebook
пати видено