Деновиве тинејџерите уживаат навистина лоша репутација. Познати се по нивното променливо распложение, сакаат да ги кршат правилата и само едно нешто им се вртка во умот. Но, од време на време се покажува дека тоа сепак не е баш така, а таков е примерот и со матурантите во Средното насочено училиште во Бетлехем, Њу Хемпшир, САД.

Матурантите од целиот свет најмногу се радуваат на нивната матурска вечер и последното заедничко патување (на кого му е грижа за матурата и дипломата?). Но, кога овие деца ги слушнале вознемирувачките вести за нивната директорка, знаеле што треба да направат. Заборавиле на големото патување, и наместо тоа, планираните средства ги собрале во една донација од речиси 8000 долари за да му помогнат на директорката во нејзината борба со ракот.

Во текот на нејзината педагошка работа, директорката ги учела децата секогаш да се стремат кон тоа да направат нешта кои ги надминуваат нив самите и нивните непосредни потреби, но не ни сонувала дека таа важна животна лекција тие ќе ја применат токму на неа. Најдобар доказ дека својата работа си ја вршела одлично.

Сподели на Facebook
пати видено