Погребното место на кралот Артур во манастирот Гластонбери всушност било измама осмислена да привлече повеќе посетители. Долго се мислело дека местото кадешто почиваат легендарниот крал Артур и неговата жена Гвеневир е овој манастир во Самерсет, Англија.

Иако археолошките ископувања потврдуваат дека енигматскиот гроб навистина датира од времето на кралот Артур, во петтиот век од нашата ера, има малку докази дека во него почива легендарниот крал. Наместо тоа, многу поверојатно е гробот да бил една обична измама од средновековието.

ka

Историските записи откриваат дека имало голема загриженост поради слабата заинтересираност за овој манастир. Во обид да привлечат повеќе посетители, како и донации кои доаѓале заедно со нив, монасите прогласиле дека ги нашле останките на кралот Артур и Гвеневир во шупливо стебло на дрво. Потоа останките наводно ги закопале крај новата црква во манастирот.

Иако манастирот никогаш не ја возобновил својата стара слава, гробот на кралот Артур со сигурност помогнал да се привлече внимание во текот на следните векови. Каде се наоѓа вистинскиот гроб на кралот Артур – доколку тој воопшто и постоел – сѐ уште останува мистерија.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено