Докторот Дан Харахил, 52, татко на четири деца од Сент Пол, Небраска на 23ти Март добил ужасни вести дека нема да доживее да присуствува на матурската церемонија на неговиот син или пак на свадбата на неговата ќерка који биле закажани за оваа лето. Неколку часа откако слушнале за оваа страшна прогноза, жителите на градот се организирале и двата настани се одржале веќе следниот ден.

Семејниот доктор починал 8 дена откако ги видел и двете церемонии, во капелата Сент Францис која се наоѓа во болницата каде што се лекувал.

На Дан му бил дијагностициран рак на дебелото црево во ноември 2016. На 23ти Март лекарите му кажале дека ракот започнал да се шири и дека не му останува многу за живот. Неговиот син Ное требало да матурира во мај, а неговата ќерка Емилеа требало да се мажи во Јуни. Еден ден откако Емилеа дознала дека нејзиниот татко нема да ја дочека свадбата таа се договорила со свршеникот да си ги разменат заветите во капелата во болницата.

Нивните пријатели на брзина успеале да организираат цвеќиња и облека, а присуствувале и гости од други држави. Првин била одржана матурската церемонија, со помош на професорите и учениците од локалното училиште на Ное, а 30 минути подоцна се одржала и венчавката.

“Тој беше насмеан за време на венчавката и матурската церемонија, тоа беше еден од најдобрите денови во неговиот живот, без разлика на околностите”, вели Шели, вдовицата на Др.Харахил.

Дан Харахил бил многу сакан и почитуван од заедницата. Тој многу си ја сакал својата работа како локален семеен доктор и неговата најголема гордост била што за 18 години работа не починало ниту едно новороденче во негови раце.

Сподели на Facebook
пати видено