Неименуваниот човек работел на градилиште во Хужоу, во источната кинеска провинција , кога тој паднал од платформа која била висока околу 4 метри и го набол задникот на шипка.

Несреќниот градежен работник, бил сериозно повреден кога металната шипка низ задникот отишла дури се до неговите гради, удирајќи во некои од неговите главни органи во текот на овој процес.

22-годишниот работник, кој брзо паднал во несвест по здобивањето со повредите, веднаш бил пренесен во најблиската болница. Кога пристигнал во болницата, снимките покажале дека металната шипка била само 3 сантиметри од неговото срце. Еден од неговите хирурзи, д-р Чен Конгонг, изјави: „За среќа, го промашила срцето, инаку никој не ќе можеше да го спаси.“

Како и да е, шипката веќе нанела штета на голем број други органи на човекот, со тоа што д-р Чен Конгонг изјавил: „Шипката ги повреди црниот дроб, цревата и белите дробови на човекот“. Лекарот и тимот експерти веднаш формулирале план да ја отстранат металната шипка и да го спасат животот на човекот, нешто што барало итна операција и голем тим на здравствени работници.

Тешката процедура барала неколку лекари, вклучувајќи специјалист за црниот дроб Д-р Ки и специјалист за гастроинтестинални заболувања д-р Лијанг, кој бил одговорен за вадење на шипката од цревата на човекот.

Иако операцијата била ризична, таа на крајот била успешна, со тоа што лекарите конечно ја тргнале металната шипка околу 3 часот наутро следниот ден.

22-годишниот пациент ја преживеал операцијата и немало никакви компликации, при што градежниот работник во моментот се опоравува во болница.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено