Сончевата светлина е клучен аспект кога станува збор за нашето здравје, добро расположение и целокупната благосостојба. Градовите ширум светот кои немаат директна сончева светлина во текот на годината имаат многу жители кои се во очајна потреба од витамин Д, кој е од витално значење за нашето здравје. Покрај тоа, живеењето во постојана темнина едноставно изгледа толку меланхолично.

Поради ова, повеќето луѓе се стремат да живеат во земји каде што секогаш е топло, но сѐ уште има многу луѓе од целиот свет кои се навикнуваат да не гледаат директна сончева светлина со месеци. Тоа не значи дека не им е потребна, тие едноставно се навикнуваат на трпеливо чекање за посветло утре.

Рјукан град кој се наоѓа 3 часа северо-западно од Осло, Норвешка, е познат како еден од најмрачните градови на земјата

Има околу 3.386 жители во Рјукан, град кој го добил името од водопадите Рјукан – водопад од 104 метри кој обезбедува лесен пристап до генерирање големи количества електрична енергија. Градот нема директна сончева светлина од септември до март поради планините околу него.

Всушност, скоро секогаш е светло во Рјукан освен во декември и јануари, но ова се однесува на скоро цела Норвешка поради полноќното сонце. Она што е различно за Рјукан е фактот дека планините околу градот не обезбедуваат директна сончева светлина.

За да му даде на локалното население барем малку сонце, градот обезбеди 5 милиони норвешки круни за да се купат огледала. Овие соларни огледала кои се поставени на 450 метри над градот го следат движењето на сонцето низ градот.

Како резултат на тоа, сончевата светлина сјае на градскиот плоштад. Во едно интервју, еден од локалните жители вели дека луѓето од Рјукан се навикнуваат да живеат без сончева светлина: „Едноставно престанувате да размислувате за тоа. Но ова … Ова е толку затоплувачки. Не само физички, туку и ментално. Тоа е ментално затоплување.“

Огледалата почнаа да привлекуваат и повеќе туристи. Идејата за сончевото огледало за прв пат била изработена од основачот на градот, г-дин Сем Ејде, уште во 1913 година.

Тој ја сфатил важноста на сонцето и се обидел да создаде сончево огледало, но за жал, тој не успеал.

Сподели на Facebook
пати видено