Во Бирмингем, Англија се инсталирани рекламни екрани во облик на огромни човечки очи, како што известува Би-Би-Си оваа недела. Екраните, коишто се поставени над три влеза од новодизајнираната железничка станица во градот, имаат двојна улога: прво, тие ги скенираат минувачите со цел да се обидат да им ги продадат вистинските глупости коишто не им требаат, и второ – да го снимаат секое нивно движење.

„Тие употребуваат најсовремена технологија за препознавање на лицето за да ги профилираат групите на патници и купувачи и на тој начин да изберат каква реклама да прикажат“, објаснува репосртерот. Очите се направени од над петстотини поединечни телевизиски екрани, коишто делуваат како „скриени камери коишто ефективно ги набљудуваат луѓето коишто влегуваат и излегуваат од станицата“. Овие камери се доволно софистицирани за да можат да го определат полот, возраста и демографската група на која припаѓаат поединците како што тие минуваат, и кога станицата повторно ќе биде отворена следниот месец, тоа ќе биде најголемиот екран кој некогаш бил инсталиран во Велика Британија.

Но, овој очигледно Орвеловски дизајн на екрани – кои како да велат „Да шутраци, Големиот брат навистина ве гледа, и сега веќе не го ни крие тоа“ – не е најлошото нешто за оваа вест. Тоа што е уште повознемирувачко од овие нападно џиновски дигитални очи е поразително позитивната реакција на јавноста на масовното надгледување. Еве некои коментари коишто репортерот ги слушнал прашувајќи ги минувачите за нивното мислење:

„Ааа, така си одат работите со технологијава сега. Не би се грижел премногу околу тоа“, вели првиот интервјуиран.

„Тоа е прекрасно“, се радува втората.

„Мислам дека е баш супер во поглед на технологијата и начинот на кој иднината се развива и така натаму“, се согласува третиот.

Додека е сосема возможно (и доста веројатно) дека Би-Би-Си ги уредил овие јавни анкети за на гледачите да им презентира позитивно јавно мнение за современите технологии за следење и набљудување, тажниот факт е тоа што овие реакции се пресликани низ целото британско општество.

Всушност, повеќето луѓе во Велика Британија не ни слушнале за Џорџ Орвел, а не па да го прочитале неговиот застрашувачки роман 1984, кој несомнено и е инспирацијата за современиот концепт за шпиунските програми во стилот на Големиот Брат. Уште повеќе, дури и глупавите риалити шоуа „Големиот Брат“ и сличните деривати веројатно и се дизајнирани за да ја отрпнат јавноста на концептот и да ја натераат да мисли дека „Големиот Брат“ е нешто сосема нормално, па дури и позитивно. Можеби дефинитивно треба да се започне кампања „1984“ од Џорџ Орвел да влезе во програмата за лектира во секое училиште во светот.

Сподели на Facebook
пати видено