Џон Вејд, пензиониран учител од училиштето во Нов Јужен Велс во Австралија, доби парична награда во вредност од 90.000 долари во  шоуто „Кеш Крава”  во кое учесниците се пријавуваат телефонски и секое утро во емисијата се извлекуваат двајца добитници.

Среќниот добитник пред само една недела во својот дом ги згрижувал повредените и оние кои останале без своите домови во циклонот Деби.  Оваа добивка, како што вели тој била исплата за неговото добро дело, иако сопругата Колин вели дека и покрај општата состојба на хаос, тој секое утро седел пред телевизорот во дневната соба со намера дека ќе  добие профитабилен повик.  Таа додава дека  Џон играл секој ден, цели 4 години.

Сподели на Facebook
пати видено