Фаисал ја запознал својата сопруга Асма на муслимански сајт за сапознавање и со помош на својот адвокат ѝ направил документи за престој во Австралија. После 8 месеци од нивниот брак, Фајсал почнал да се сомнева во мотивите на неговата сопруга и почна да сфаќа дека можеби нема љубов во нивната врска.

Тој се консултирал и со неговиот адвокат во врска со развод.

Но, сопругата му ги проверувала и личните пораки и мејлови, па ја прочитала и оваа порака. Таа смислила суров план како да не дојде до развод, затоа што така ќе биде протерана од Австралија.

Фаисал раскажал дека тој ден Асма го чекала дома нервозна и му рекла: „Мислиш дека си многу паметен и разговараш со адвокати. Сега гледај што ќе ти направам!“

Асма потоа избегала од станот, влегла во лифтот на нивната зграда и почекала да се затвори вратата за да не ја сними безбедносната камера во ходникот. Потоа во лифтот самата себе си нанела физички повреди. Кога избегала од зградата, повикала полиција и неколку часа подоцна, Фајсал бил уапсен и обвинет за семејно насилство.

По повеќе од 20.000 долари за адвокатски трошоци и после стотици часа гледање видеа од безбедносните камери, Фајсал конечно ги има доказите што му се потребни за да се ослободи од својата сопруга. Единствената грешка во злобниот план на жената била тоа што не знаела дека и во лифтот има безбедносна камера. Токму тоа клучно видео е во продолжение.

Асми сега избегала од Сиднеј и живее некаде во Австралија. Фаисал бара од властите да ја протераат неговата сопруга назад во Мароко.

Сподели на Facebook
пати видено