Конкурсот за најдобра фотографија го спроведува Природонаучниот музеј во Лондон и додели награди во голем број категории. Портрет на двајца мајмуни од видот рокселанов ринопитек направен од холандски фотограф Марсел ван Остен е победник на натпреварот за „Фотографија на годината од дивиот свет 2018 година“.

Машкиот и женскиот мајмун, кои се загрозен вид, со нивните препознатливи сини лица, биле фотографирани во шумата на кинеските планини Квинлинг, кои што се единственото место на светот каде сѐ уште можат да се најдат мајмуните од овој вид.

Други извонредни фотографии прикажуваат 8-годишен леопард кој само што се разбудил од спиење во Боцвана и планинска горила во Уганда, која одбива да го напушти трупот на нејзиното мртво бебе, фотографија која победила во категоријата „Однесување“.

Ова се останатите фотографии од натпреварот кои освоиле награди во најразлични категории:

Сподели на Facebook
пати видено