Вероника Хернандез е 27 годишна голтачка на мечови од Тексас, САД. Иако е во 9-тиот месец од бременоста, таа и понатаму ја изведува својата опасна точка.

„Го сакам адреанлинот, а во таа точка постои опасност и тоа некако ми се допаѓа“ – објаснува Вероника. За време на интервјуто таа проголта меч долг 35 сантиметри.

Точката ја учела 2,5 години од поискусен колега, користи тап меч, но и тој секако може да биде опасен. Мечот поминува преку грлото, покрај срцето, меѓу белодробните крила, па се до желудникот. Додека била трудна со првото дете, не голтала мечови, но во меѓувреме една колешка и покажала како се прави тоа и за време на бременоста.

Според Меѓународното здружение на голтачи на мечови, 29 луѓе до сега умреле од повреди предизвикани при голтање мечови.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено