Овие славеници се дел од годишниот Фестивал на Огнот во Единбург, кој се слави по повод доаѓањето на пролетта. Настанот за прв пат е организиран во средината на 1980-тите години, со намера да заживее древниот келтски и пагански фестивал наречен Белтане, галско име за месецот мај.

Илјадници луѓе се собраа во Калтон Хил, во главниот град на Шкотска, за да ги видат многубројните тапанари, физичкиoт театар, танчери кои прават акробации со оган и сл. За време на настанот Зелениот Човек се убива како бог на зимата, за да повторно се препороди како бог на пролетта, заедно со неговата кралица Мај. Учесниците од овој фестивал велат дека овој настан не може да се опише со зборови, туку треба да се почувствува.

Сподели на Facebook
пати видено