Големата сина дупка кај Коралниот гребен на Бализе и древната цивилизација на Маите немаат ништо заедничко. Но, исто како што сѐ друго на нашата планета на некој начин е поврзано едно со друго, така и некои научници и историчари дошле поблиску до одговорот на прашањето зошто исчезнале Маите – благодарение на оваа подводна пештера.

mai01

Цивилизацијата на Маите во Централна Америка цутела над илјада години, при што биле формирани градови со масивни градби. Нивната култура е позната по нивниот напредок во знаењата од повеќе области како и во поглед на технолошкиот напредок. Но, некаде околу 800 г.н.е. цивилизацијата почнала да опаѓа за целосно да исчезне некаде околу 1100 г.н.е. Причината за тоа останала непозната…се до скоро.

mai02

Чичен Ица бил еден од поголемите градови на Маите и се наоѓа на Јукатанскиот полуостров во Мексико.

Формирана пред десетици илјади години, Големата сина дупка – огромна кружна пештера во Коралниот гребен на Белизе – некогаш се наоѓала над земјата, но со кревањето на нивото на водата била поплавена. Денес таа е популарно одредиште на нуркачите и научниците. Неодамна биле земени примероци од дното на пештерата, кое се наоѓа на 124 метри под морето. Што покажале тие примероци фрлило нова светлина врз мајанската мистерија.

mai03

Исто како годовите прстени на дрвјата, седиментните слоеви можат да ни кажат што се случувало кога се формирале. Тие можат да посочат секакви видови на климатски и геолошки промени, вклучувајќи ја и сушата. Резултатите се добиваат преку испитување на концентрацијата на определени минерали. Титаниумот се наоѓа во лесно еродирачкиот вулкански камен во централна Америка и јужно Мексико. Обилните дождови би причиние каменот да се распадне и одлее во океанот, напластувајќи се во големите дупки како Сината дупка. Помеѓу 800 и 1100 г.н.е. имало големи суши, што е посведочено со недостатокот на титаниум во седиментните слоеви. Токму тоа се годините на крајот на цивилизацијата на Маите.

mai04

Со овие нови откритија, научниците се согласуваат дека најверојатно сушата е причинителот на исчезнувањето на Маите и напуштањето на нивните градови. Сушата, покрај гладот, сигурно довела и до граѓански немири. Пропаста на Маите била бавна и постепена, но исоричарите никако не можеа да ја откријат првичната причина за тоа, се до денес, благодарение на новите откритија и технолошкиот напредок.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено