Многумина луѓе Големата пирамида во Гиза ја сметаат за една од најстарите, највеличествени и најсовршени споменици на Земјата, создадена пред илјадници години. Но, многумина не знаат дека Големата пирамида не само што е архитектонско чудо, туку е и географско: се наоѓа во точниот пресек на најдолгата латитуда и најдолгата лонгитуда.

pr

Дури и по илјада години откако била изградена, ние сѐ уште ја немаме целосната слика за тоа како древните луѓе успеале да изградат нешто толку големо и толку прецизно. Се проценува дека Големата пирамида во Гиза има околу 2 300 000 камени блокови чија тежина се движи од 2 до 30 тона. Некои од блоковите надминуваат и 50 тона. Помислете си само како изгледало да се изделкаат, пренесат и постават на своето место без употребата на дури и толку едноставен технолошки пронајдок каков што е тркалото. Конвенционалните научници тврдат дека градителите на пирамидата успеале да го издигнат ова древно чудо само со употреба на камени и бронзени алатки. Основата на пирамидата покрива 55 000m².

pr02

Но, Големата пирамида не е само градителска мистерија, туку и географска. Според истражувачите, таа е најточно подредената градба и е свртена кон точниот север со само 3/60 степен на грешка. Поставеноста на Северниот Пол со текот на времето се поместува, така што пирамидата некогаш била точно свртена кон него. Но, најфасцинантното откритие за неа било направено во 1877 година.

Писателот и теолог д-р Џозеф Сајс во 1877 година покажал дека Големата пирамида во Гиза е поставена во точниот пресек на најголемата географска ширина и најголемата географска должина – со други зборови, таа е поставена во точниот центар на Земјата.

Како древните Египќани можеле да го изведат ова, сѐ уште останува мистерија.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено