Овој Бизарен ритуал се одржува со векови, секоја година на 8 ноември во селото Уџин, централна Индија, во рамките на празникот на светлината Дивали. Освен голема чест, ова е и гаранција за просперитет на изгазените.

Роговите и кожите на кравите се испрскани со разни бои, како симбол на победата на светлината над темнината.

Стадото се брка по тесните улици на селото, каде што има исполегнато стотици мажи, за да бидат изгазени.

Иако многумина знаат дека ритуалот може да биде смртоносен, сепак голем е бројот на доброволци кои го следат старото Хинду верување дека кравата (која се смета за исклучително свето животно во хиндуизмот) може да ги избрише нивните проблеми и да ги благослови со среќа и просперитет.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено