Лукас Трусдејл повикал полиција бидејќи неговата свршеница го нападнала. 21-годишната Саманта Џоул се соблекла гола и почнала да го удира свршеникот по лицето, откако му ја скинала маицата, затоа што не сакал да има односи со неа. Девојката за време на нападот била под дејство на алкохол.

Откако пристигнала полицијата таа се преправала дека спие и сѐ уште била гола. Велела дека не му направила ништо на свршеникот, а додека се возела во автомобилот глумела дека е онесвестена, но кога полицаецот ѝ се обратил му плукнала во лице.

Ова не е прв пат девојката да заврши во затвор. Минатата година во август исто така завршила зад решетки поради предизвикување на нереди во алкохолизирана состојба.

Саманта била однесена во притвор под обвиниение за напад на полицаец и семејно насилство. Нејзиниот сцршеник останал со црвени гребнатини на лицето и вратот. Неговите шорцеви исто така биле скинати за време на инцидентот.

Саманта била ослободена со кауција од 6.000 долари и ќе треба повторно да се појави пред суд во текот на оваа година.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено