Во Ликовна галерија во Берлин, Германија има едно необично уметничко дело. Димензиите на сликата се 162 сантиметри на 116 сантиметри, оваа уметничко насликано со масло на дабова табла од 16-тиот век, на кое има рој минијатурни мажи, жени, деца и животни кои изведуваат низа извонредни и бизарни дејства, како на пример мажи кои извршуваат нужда од прозорец, човек кој гризе дрвен столб, друг маж удира со главата во ѕид, маж закопува теле, човек се обидува да ја собере истурената каша, или пак жена која врзува пакет кој изгледа како ѓаволот.

Оваа чудна уметност ја направил Питер Бројгел Постариот кој бил еден од најзначајните холандски уметници на ренесансата. Насловена како „Фламански поговорки“ или „Холандски поговорки“, сликата е всушност буквална илустрација на повеќе од сто поговорки и идиоми на холандски јазик. Сликата оригинално била наречена „Синиот плашт“ или „Светот наопаку“ што укажува дека Бројгел не сакал само да ги илустрира поговорките, туку да ја илустрира универзалната глупост на човекот. Многу од поговорките се фокусираа на апсурдноста на човечкото однесување. Други посериозни ги илустрираат опасностите од глупоста, која доведува до грев.

„Фламански поговорки“ не било првото дело на Бројгел каде што темата биле поговорките. Во 1558 година, една година пред да ги направи „Фламански поговорки“ завршил серија „Дванаесет поговорки“ на поединечни табли, како и „Големата риба јаде мала риба“ во 1556 година, но се верува дека „Фламански поговорки“ е првиот најголем застапник на жанрот.

Критичарите идентификувале околу 112 препознатливи поговорки и идиоми во сцената, иако Бројгел можел да вклучи и други кои не можат да се утврдат, бидејќи тие или исчезнале од употреба или јазикот се променил. Некои од овие поговорки можат да се најдат и во македонскот фолклор, или имаат слични значења. Еве некои од поговорките кои се слични или исти со македонските:

Поговорка: Удира со глава во ѕид
Значење: Запнал за невозможното

Поговорка: Наоружен до заби
Значење: Тешко наоружан

Поговорка: Сè иста коска глода
Значење: Везден зборува за истата работа

Поговорка: Светот наопаку
Значење: Сè е наопачки од што треба

Поговорка: Се водат за нос
Значење: Се измамуваат еден со друг

Поговорка: Коцката е фрлена
Значење: Одлуката паднала

Поговорка: Гледа низ прсти
Значење: Попушта некому

Поговорка: Го бричи (будалиот) на суво
Значење: Надитрува некого

Поговорка: Трча како да му гори газот
Значење: На голема мака е

Поговорка: Убива две муви со еден удар
Значење: Успешен и делотворен

Поговорка: Паѓа од вол на магаре
Значење: Го снашле тешки времиња

Поговорка: Големите риби ги јадат малите
Значење: Луѓето ја судат тежината на зборовите во зависност од важноста на оној што ги изрекол.

Поговорка: Си ги фрла парите во вода
Значење: Си ги трачи парите

Останатите поговорки можете да ги погледнете на Википедија.

Сподели на Facebook
пати видено