Социјалните медиуми зовреа откако разни тролови напишале за девојка која била убиена дека сама си го барала затоа што носела тесна облека. Карина Ветрано во вторник била силувана и задавена на плажата Хауард во Квинс, Њујорк, на околу километар од нејзиниот дом.

jg01

Нејзиниот татко бил со полицијата кога тие го пронашле нејзиното тело во област со висока трева, откако таа била прогласена за исчезната кога не се вратила од нејзиниот редовен џогинг во пет часот попладне. Триесетгодишната џогерка, која работела како терапевтка за говор и се стремела да успее како писателка, била најдена задавена, а нејзините хеланки ѝ биле свлечени до колена. На телото имала траги од тепање, а забите ѝ биле скршени.

jg02

Нејзината ужасна смрт довела до жестока дебата на социјалните медиуми, при што некои луѓе напишале дека жртвата си е самата виновна за судбината која ја снашла.

„Секој ден се потсетуваме дека живееме со дивјаци, но кога тргнуваш да џогираш сама, со слушалки и со таков изглед…Ве прашувам, каде е здравиот разум овие денови?“, пишува Мајкл Пуласки.

„Секогаш ќе има сексуални насилства“, пишува Карлос Аварадо на Фејсбук. „Свесноста е ваша одговорност…престанете да џогирате или да одите во теретана полуголи.“

jg03 jg04

На тоа една коментаторка одговорила: „Значи тоа што вие го велите е дека мажите се толку глупави што не можат да се контролираат? Престанете со фрлање на вината врз жртвите!“

Од друга страна, една друга жена по име Мери Картер пишува: „Ова е ужасно. Зошто една жена би трчала сама навечер?“

jg05

И двете спротивставени имаат свои аргументи. Од една страна, жените ги имаат сите права на слободно изразување и движење. Но, од друга страна, светот во кој живееме знае да биде суров и не сите луѓе имаат обѕири кон другите личности, тажен, но ништо помалку вистинит факт.

jg06 jg07

Сподели на Facebook
пати видено