Харука Нишимацу, главен извршен директор на Јапонија Ерлајнс живее според философијата на кои многу корпоративни шефови обрнуваат многу малку внимание. Наместо да се однесува како владетел на компанијата, Нишимацу се однесува како нејзин лидер и го жртвува имиџот на шеф на голема корпорација за да изгради силна и посветена работна средина.

„Ако водството е далечно, таму високо во облаците, луѓето само чекаат наредби. Јас сакам моите луѓе да мислат со своја глава“, вели Нишимацу.

j01

Нишимацу на работа оди со автобус, носи облека која би можел да си ја дозволи секој од неговите вработени, и иако сепак има високи примања, неговата плата е многу пониска од просечната плата на успешен директор на голема компанија од тој ранг. Во една година тој дури значително си ја намалил сопствената плата за неговите вработени да не се чувствуваат понижено кога профитот паднал и кога морале да се намалат примањата.

Кога вработените работат за некој кој се плаши да си ги извалка рацете заедно со тимот, на нив им е потешко да се ангажираат со страст кон работата. Исто така, кога вработените примаат помала плата од заслужената според сработеното, а гледаат како нивниот шеф се расфрла со сјајни коли и накит, тие стануваат незадоволни со работата и развиваат анимозитет кон нивниот шеф. На крајот ваквите шефови ги уништуваат сопствените компании, не успевајќи да развијат атмосфера во којашто луѓето би се чувствувале добро во врска со работата која ја вршат.

Нишимацу го разбира ова, и е способен да развие работна средина кадешто вработените не само што се чувствуваат поисполнето и задоволно, туку тоа на долги патеки добро се одразува на профитабилноста на компанијата.

Сподели на Facebook
пати видено