Погледнете на каква провокативна идеја се сетиле уметници за тетоважи од студиот MTL Tattoo од Канада:

Тетоважите и политиката никогаш не оделе заедно. Таму каде што работам, во MTL Tattoo, сме тетовирале многу политичари, адвокати, бизнисмени итн. Тие секогаш сакаат тетоважата да биде на скришно место, да се стави некаде „дискретно“, за што имам разбирање. Но, кога станува збор за ветување кое го давате пред целата нација, тогаш нема што да криете.

Што ако овојпат истетовираат нешто во што навистина веруваат за на сите да им покажат дека не лажат. Пак е време на избори, слушаме многу ветувања, но што ќе се случи кога ќе бидат избрани?

Ги поканивме Стивен Харпер, Том Мулкер, Џастин Трудо и Жил Дучепе да дојдат во MTL Tattoo денот пред избори и да им направиме тетоважа со некое од нивните главни ветувања, бесплатно (да не го оптоваруваме изборниот буџет, сепак). Бидејќи исто како и тетоважите, и ветувањата треба да траат до крајот на животот.

t01 t02 t03 t04 t05 t06

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено