Непрописно паркираната уметничка инсталација во Карлсруе минатата недела си доби казна од 30 евра. Искривениот црвен Мерцедес MB100D е дело на австрискиот уметник Ервин Вурм, кој е познат по неговите скулптури на извитоперени возила. Делото е создадено во чест на 300 годишнината од основањето на градот, а обликот ѝ е ваков со цел да се „покаже светот од поинаква гледна точка“.

Ервин Вурм е роден во 1954 година во Австрија, и живее во Виена и Либерг. Во книгата „Уметникот кој го голтна светот“ од Хатје Канц, Вурм е цитиран со следниве зборови: „Мене ме интересира секојдневниот живот. Сите материјали кои ме опкружуваат можат да бидат употребливи, како и предметите и темите од современото општество. Моите дела говорат за севкупното човечко суштествување; телесното, духовното и општественото.“

bent-truck-parking-ticket-germany-Erwin-Wurm-1 bent-truck-parking-ticket-germany-Erwin-Wurm-7 bent-truck-parking-ticket-germany-Erwin-Wurm-62

Сподели на Facebook
пати видено