Полицајците во германскиот град Карлсруе, добиле прилично необичен повик за помош.

Многу често може да се случи опасни животни да бркаат луѓе и во тој случај постои сосема оправдана причина да се повика полиција, сепак овој случај е „малку“ поразличен од другите, а за среќа полицијата одлучила да интервенира и да ја спаси „жртвата“, но и „напаѓачот“.

Повикот кој го добиле во станицата гласел вака: „Помош! Ме брка верверица! Опасна е!“ Секако полицајците првин помислиле дека некој се шегува, но човекот навистина делувал вознемирено и тие решиле да испратат возило и да ја испитаат ситуацијата.

Кога пристигнале на местото на настанот виделе маж како бега од мала верверичка. Тврдоглавата верверичка упорно го следела човекот, кој бил преплашен од неа. Полицајците ја земале верверичката и ја однеле во полициската станица, каде што веднаш заспала бидејќи била премногу уморна од „потерата“.

Додека била во „притвор“ полицајците му го дале името Карл-Фридрих и многу го засакале малото суштетсво. Потоа верверичката била однесена во засолниште за животни и е во добра здравствена состојба.

Причината поради која верверичката го „нападнала“ човекот е затоа што ја изгубила својата мајка и во таква ситуација малите верверици очајно бараат замена за мајката и често се фокусираат на една личност.

„Ти можат да бидам многу упорни, не само да трчаат по некој туку и да се фиксираат за нивното тело. Човекот не знаел што да прави и затоа повикал полиција, прилично беше исплашен.“, изјавила портпаролката на полицијата, Кристина Кренц.

Сподели на Facebook
пати видено