Германија концептот за автопат ќе го крева на сосема ново ниво, со тоа што ќе изгради еден специјално за велосипедистите. Така е, добро прочитавте – ќе градат велосипедски автопат долг 100 километри, а велосипедистите веќе можат да возат по првите пет километри. Патот ќе поврзува десет градови во западна Германија, меѓу кои Дујсбург, Бохум и Хам. Патот ќе се протега долж напуштена железничка пруга во индустрискиот регион Рур.

Според Мартин Тоенес од регионалната група за развој РВР, околу два милиони луѓе кои живеат во областа ќе можат да го користат овој пат, што ќе резултира со 50.000 автомобили помалку на патиштата.

tc01 tc02 tc03 tc04

Сподели на Facebook
пати видено