Најпознатата германска ТВ куќа му ја обелодени вистината на германскиот народ и малку е да се каже дека направи вистинска збрка. Имено, таа јавно  им пласираше две вистини на европските народи. Првата е дека остануваме без хартиени пари – и не, тоа не значи дека се враќаме на плаќањето со монети, бакарни, сребрени и златни. Втората вест е дека на сите ни следува чип во десницата!

zdf

Во последните денови во Германија на сите нивоа, од елитните експертизи, па сѐ до кафеанските средби, се разгоре расправата за укинувањето нa парите. Ангела Меркел во врска со таа нова голема европска цел се сретнала и со францускиот премиер, барајќи поддршка на тој план. И тоа во екот на мигрантската криза, додека никој не гледа или не сака да најде некое решение за егзодусот на народите од нивните огништа – во Европа. Кон нас се сели цела Месопотамија, но највлијателната жена во Европа, наместо да крикне „Запрете ја војната“, како што би крикнала секоја жена и да направи притисок врз своите пријатели Обама, Путин итн, таа срамна војна да се запре, таа како да одработува за пеколен план, и тоа за план за кој се чини дека се пророкува во Библијата.

На најгледаната и најпознатата германска куќа ZDF, новинарот првин убаво ѝ образложил на нацијата дека на банкнотите им дошол крајот, бидејќи се непрактични, можат да изгорат, да бидат украдени итн. и дал пример на супер развиената Шведска која речиси ги исклучила парите од оптег – таму повеќето плаќаат со картички. Но, заборавил да спомене дека таа супер држава во последните децении ги намалила социјалните грижи и ги ограничила човечките права. Но, на страна тоа. Во продолжението на прилогот, по воведот за безготовинското плаќање, следувал прилог за RFID чипот и неговиот изумител кој секако тврди дека чипот е безопасен, и дека за него е потребен само читач. Коментарите на Германците кои го гледале тој прилог е многу јасен – Германците како и секој нормален човек не се воодушевени да живеат во чипиран свет.

„Тие тоа нам јавно ни претставуваат чипирање?“ – се прашува еден гледач, додека друг заклучува дека „тие пред нашите здрави очи создаваат чипиран свет на контрола и тоа во времето на најголемиот општествен хаос во поновата историја“. Идентификациониот чип се промовира насекаде во светот, не само во Германија. На 18. мај 2016 во Загреб ќе се одржи „РФИД конференција -Загреб 2016“, на која ќе се расправа за примената на оваа технологија во „трговијата, индустријата, здравството, државната администрација, сервисите и занаетите и др. Всушност, факт е дека не постои подрачје на човечкото дејствување, во кое овие технологии не би можеле да најдат свое место“ – пишува на официјалниот сајт на конференцијата. Понатаму пишува: „Конференцијата е од регионален карактер, со цел поврзување на сите земји од регионот (Италија, Австрија, Унгарија, Романија, Бугарија, Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска) кои тежат кон унапредувањето на технологијата“.

rfid

На прв поглед се чини дека тој чип, „со големина на зрно ориз“, како што се рекламираше пред неколку години во Америка, ќе биде големо олеснување. Нема да ви биде потребно да носите пари, па дури ни платежна картичка. Нема да ви биде потребна здравствена книшка или картичка, ниту лична карта или пасош. Сѐ ќе биде онлајн, горе во облакот.

rfid1

Но, интересно е тоа што ова вознемирувачки потсетува на еден пасус од Библијата, од Откровението на св. Јован, во кој стои:

„И ќе направи на сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови – да им се стави белег на десната рака или на челата нивни, та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние, што го имаат тој белег, или името на ѕверот, или бројот на името негово. Тука е мудроста. Кој има ум, нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест.“

Гледано од денешна гледна точка, со современата технологија, ова станува сосема можно. Без тој чип, „белег на ѕверот“ нема да можете да правите ништо. И не само тоа, туку ова е едно од средствата преку кои би можело да се воспостави апсолутна контрола. Доколку сте неподобен, едноставно ви го исклучуваат чипот, го прават неупотреблив и вие нема да можете да си купите храна, нема да можете да ги задоволувате најосновните потреби. На минатиот состанок на групата на моќни земји G7 се расправало и за укинувањето на готовинското плаќање во сите земји на Европа. Главниот заговарач на овој проект е Питер Бофингер, кој во германскиот Бундестаг го изложи својот проект како дел од програмата на неговата лева Социјалдемократска партија.

Сподели на Facebook
пати видено