Веќе 200 германски училишта ги користат овие специјални елеци полни со песок, за кои се докажа дека делуваат многу смирувачки врз хиперактивните ученици. Елеците со тежина од 1,2 до 5 кг им помагаат на децата да се концентрираат на предметот што го учат, бидејќи енергијата им е насочена кон тежината наместо кон движење на рацете и нозете. Елеците се носат со паузи, не повеќе од половина час, а сето тоа е само со согласност на учениците и родителите. Сепак, овој метод има противници кои велат дека елеците го имаат ефектот на лудачка кошула и дека може да доведат до физички и психолошки непријатности кај децата што ги носат.

Сподели на Facebook
пати видено