Научниците го откриле делот во мозокот одговорен за определувањето на човечката интелегенција. Ново истражување спроведено од Кралскиот колеџ на Лондон идентификувал два генетски групи во мозокот наречени М1 и М3 коишто изгледа дека директно влијаат врз нашите когнитивни способности.

int

Секоја група содржи стотици гени поврзани со помнењето, способноста за одржување на внимание и размислувањето. Тоа што ова откритие го прави особено интересно е можноста со генска терапија да се манипулираат овие гени на начин кој потенцијално би можел да ја направи личноста поинтелегентна.

„Знаеме дека генетиката игра голема улога во интелегенцијата, но до сега не беше познато кои гени се релевантни“, вели главниот истражувач д-р Мајкл Џонсон. „Ова истражување издвојува некои од гените инволвирани во човечката интелегенција и нивната интеракција помеѓу себе. Нашите наоди сугерираат дека би било можно да се работи со овие гени за да се измени интелгенцијата, но во моментот тоа е само теоретска можност – ние допрва го направивме првиот чекор на тој пат.“

Сподели на Facebook
пати видено