Пензионерот Дејвид Латимер од Англија е генијален градинар. Пред 40 години тој засадил мала градина во шише и го затворил со тапа.

Сите овие години шишето било затворено и ниту еднаш не го отвори, а растението внатре се развивало во потполна изолација од надворешниот свет и уште е живо. 80-годишниот градинар шишето го држи на 2 метри од прозорецот за растението да добива доволно светлина и од време на време го врти за сите листови да се развиваат рамномерно.

Во шишето се создал минијатурен екосистем, во кој и покрај изолацијата растението прима светлина и врши фотосинтеза. Со тоа произведува кислород и се навлажнува воздухот. Влагата се кондензира и „врне дожд“. Кога лисјата од растението ќе паднат на земјата, се претвораат во храна за растението.

Сето ова Дејвид Латимер го создал само од љубопитност и со текот на времето се претворило во неговиот најзначаен животен проект.

01

Сподели на Facebook
пати видено