Дали некогаш сте запознале некој кој е премногу паметен за своето работно место? Но не на нарцисоиден, ироничен начин. Туку навистина да е така. Овој инженер бил толку паметен, па дури и смислил неколку начини да ужива во мрзливоста во неговата канцеларија, привилегија која што луѓето обично ја заработуваат со напорна работа.

Тој си го овозможил ова со помош на своите способности за хакерство, а скриптите што ги создал биле толку добри, што неговите соработници одлучиле да ги задржат откако тој дал отказ за да работи во друга компанија.

Приказната за него ја раскажува негов поранешен колега, кој заедно со останатите колеги се шокирал кога сфатил какво „наследство“ им оставил.

„Во ред, значи нашиот софтверски инженер си замина во друга компанија. Тој беше еден од оние луѓе кои живееја на работното место, но доколку за нешто му требало повеќе од 90 секунди, тој пишувал програми кои го автоматизираат целиот процес. Значи седиме и го гледаме неговото наследство и ќе ви се допадне ова.

smack-my-bitch-up.sh (исплескај ми ја кучката-песна) испраќа порака до неговата сопруга дека ќе остане до доцна на работа и автоматски бира некој од понудените одговори. Праќањето пораки се активира ако програмчето забележи дека генијалецот и после 21 часот, уште не го исклучил компјутерот.

kumar-asshole.sh (Кумар шупакот) ги скенира сите мејлови и го бара оној пратен од директорот Кумар во кој клучни зборови се помош, проблем, извини. Тогаш програмата автоматски му прави бекап на клиентот и праќа порака ‘нема проблем другар, наредниот пат внимавај’.

hangover.sh (мамурен) е уште една програма која е поставена да се вклучи на одредени датуми. Автоматски праќа мејлови од типот ‘Не се чувствувам добро, ќе работам од дома’ и други комбинации. Автоматски се вклучува доколку не го вклучи компјутерот до 08:45.

fuckingcofee.sh (е*ено кафе) ова се активира 17 секунди откако ќе го вклучи компјутерот! Тогаш програмчето се поврзува со нашата машина за кафе (не ни знаевме дека има таква можност) Праќа некои чудни бинарни кодови. Машината прави средно лате и чека 24 секудни пред да го сипе во чаша, а точно толку време е потребно да се стигне од неговото биро до машината за кафе.

Дефинитивно ќе ги задржиме овие!“

Сподели на Facebook
пати видено