Рикардо Лазо од Перу присуствувал на натпреварот Перу-Австралија во Сочи на 26-ти јуни. За време на неговито престој тој запознал нов пријател, кој го освоил неговото срце.

Рикардо не сакал нивното пријателство да заврши по завршувањето на Светското првенство и по 2 месеци решил да се врати по својот пријател.

Кога човекот се вратил од натпреварот пред неговиот хотел имало преслатко кафеаво куче-скитник, кое Рикардо веднаш го засакал.

Тие се дружеле неколку дена и тој сакал да го земе со него во Перу, иако дома имал уште едно куче. Но, тој не можел веднаш да го земе со него затоа што му била потребна посебна документација.

Затоа Рикардо одлучил да го однесе кучето во локално засолниште PovoDOG. Додека Рикардо ги средувал документите и интернационалниот пасош, среќното куче-скитник го добило името Бусинка. Вработените од засолништето велат дека Рикардо постојано бил во контакт со нив.

Пред неколку дена Рикардо се вратил во Русија и со Бусинка моментално ги истражуваат улиците на Москва. Тие планираат да се вратат во Перу за неколку дена, а Рикардо изјавил дека планира таму да отвори засолниште за животни и да го крсти по негово ново куче од Русија.

Сподели на Facebook
пати видено