Жените имаат посебна врска со нивната коса. Понекогаш ја негуваат должината со години, а понекогаш кога се „психотични“ ја кратат, фарбаат, виткаат, тегнат. Турчинката Олејда се пријавила на емисија за трансофрмации и секој би помислил дека поради ова е спремна на сѐ, но сепак не беше спремна да го поднесе она што го направи стилистот Билал.

Во шоуто Kuaförüm Sensin разни стилисти, шминкери и фризери се натпреваруваат за награда и луѓе доброволно се пријавуваат за трансформации. Олејда била очигледно една од тие луѓе, но таа не очекувала дека фризерот ќе ѝ отсече 30 сантиметри од косата и тука започнува драмата. Погледнете го видеото со драматичната рекација:

Сподели на Facebook
пати видено