Лоциран во јужниот дел на Франција, Le Petit Jardin има спроведено „два жолти картони и летате надовр“ правило за користење на мобилни телефони. Првиот пат кога келнерот ќе забележи дека некој користи мобилен телефон доаѓа до масата и свирнува со свирче, истото го прави и по втор пат, а веќе на третото свирче ги исфрлаат гостите.

Сопственикот на ресторанот, Жан-Ноел Флуери, објаснува дека забраната за мобилни телефони била спроведена со цел да се направи атмосферата попријатна, социјална и семејно ориентирана. Прилично е лесно да се замисли како ова целосно може да го промени искуството со пријателите или семејството.

Колку пати Ви се случило да разговарате со некого и да сте на средината на долгата приказна и тогаш забележувате дека личноста пред Вас се загледала во телефонот и одеднаш Ви вели: „Што велиш?“ Тогаш сфаќате дека никој не Ве слушал и тоа може да биде прилично фрустрирачко чувство. Ова сигурно нема да го доживеете во овој мал ресторан во Франција.

„Ние им ги објаснуваме правилата кога ќе влезат“, изјавил Флуери. „Луѓето прифаќаат да ги исклучат своите телефони кога одат во кино или во театар, па зошто да не и во рестораните?“ Тој исто така објаснува дека иако има луѓе кои се согласуваат на оваа правило, некои од нив веднаш си заминуваат кога ќе слушнат за што станува збор.

Жан вели дека најчесто оваа правило не го почитуваат тинејџерите. „Добивме некои непријатни коментари на нашата страница на Фејсбук од млади луѓе кои не ја ценат забраната за мобилни телефони и не им се допаѓа кога некој им покажува жолт картон пред останатите гости…Сепак тоа е добар публицитет за нас.“, вели тој.

Исто така ресторанот има ставено забрана за користење на кечап и газирани сокови од познатите брендови. Тие сакаат да ги промовираат локалните специјалитети и здравата исхрана. „Ние го правиме тоа за да промовираме локални производи. Имаме добри локални овошни сокови овде што луѓето можат да ги пијат наместо газираните сокови и ние имаме Moutard a l’ancienne наместо кечап.“

Сподели на Facebook
пати видено