Франција им даде два дена на мигрантите во Кале да се преместат, пред со булдожери да сруши третина од злогласниот камп „Џунгла“, откако 1500 луѓе одбиле да се преселат во новиот сместувачки капацитет изграден од владата. Жителите на „Џунглата“ го одбиваат новиот камп вреден 26.7 милиони долари, дизајниран да смести 1500 мигранти. Имено, станува збор за контејнери за транспорт пренаменети во бараки, опремени со електрична енергија и затоплување, за коишто мигрантите се пожалиле дека „им личеле на затвор“.

И покрај многу подобрите услови во новиот камп, мигрантите одбиваат да се вселат во него и сакаат да останат во нивните импровизирани шатори. „Лидерите на заедницата“ во Џунглата издале изјава во која „со почит ја одбиваат“ наредбата на француската влада да напуштат третина од импровизираниот камп.

„Решивме да останеме таму кадешто сме и мирно се спротивставуваме на владините планови да ги уништи нашите домови. Ги замолуваме француските власти и меѓународната заедница да ја разберат нашата положба и да ги почитуваат нашите основни човекови права.“

mg01 mg02 mg03 mg04 mg05 mg06 mg07 mg08 mg09 mg19 mg20

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено