Една корејско-американска фотографка почнала да ги изучува почетоците на фотографијата така што фотографирала бездомници низ градот.

Додека фотографирала на улица, таа препознала еден од мажите како свој татко, кој со години не го видела, бидејќи нејзините родители се разделиле. Ова е нејзината приказна…

Дијана Ким имала само 5 години кога нејзините родители се разделиле и нејзиниот татко „исчезнал“ од нивниот живот. На нејзината самохрана мајка ѝ било прилично тешко и голем дел од времето спиеле кај роднини, во парковите или во нивниот автомобил. Сепак Дијана овој период го смета за корисен бидејќи ѝ помогнал да успее да преживее во тешки ситуации.

Таткото на Дијана имал фото-студио и таа вели дека уште од тогаш започнала нејзината љубов кон фотографијата. Таа почнала да фотографира бездомници кога била на колеџ, како проект, и продолжила дури и кога станала професионален фотограф. Овој проект бил огу близу до нејзиното срце, веројатно поради нејзиното грубо детство и фактот дека таа може да го разбере нивното чувство на заборавеност.

Додека фотографирала на улиците на Хонолулу, сфатила дека еден од бездомниците што ги фотографирал е всушност нејзиниот татко. Таа се обидела да разговара со него, но тој бил во многу лоша форма, физички и ментално, па затоа одбил да зборува со девојката. Таа му се приближувала неколку пати, обидувајќи се да му го привлече вниманието, но без успех. Тој дури и не ја погледнал.

Иако нејзиниот татко одбил да ја признае, таа никогаш не се откажала. Редовно го посетувала и камерата била нејзиниот начин да остане блиску до својот татко. Иако ѝ било тешко да го гледа во таква состојба.

Еден ден, таткото на Ким доживеал срцев удар на улица, а некој повикал брза помош. Додека бил во болница, се опоравувал по срцевиот удар, почнал да ги лекува и своите ментални состојби. Ова може да звучи многу чудно, но срцевиот удар во основа му го спасил живот и, се разбира, лицето кое побарало помош.

Третманите значително му помогнале и сега таткото и ќерката живеат нормален живот. Одат заедно во кино, се шетаат, одат на плажа.

„Оваа приказна не е само моја … тоа е приказна за сите … сите ние веројатно знаеме некој кој бил бездомник или во моментот е бездомник. Се надевам дека ова ќе ни помогне да продолжиме да го хуманизираме бездомништвото за нашата заедница“, вели Ким.

Сподели на Facebook
пати видено