На социјалните медиуми се појави срцезатоплувачка фотографија со млад човек кој на непознат човек со специјални потреби му дозволил да го држи за рака додека се возеле во преполн автобус. Годфри Куото е 22-годишниот студент кој бил фотографиран како седи до човек познат како „Роберт“, додека се вози во автобус во Онтарио, Канада.

fb01

Роберт, кој е глув и страда од церебрална парализа, се плаши и му е потребна утеха кога има многу луѓе во автобусот. Фотографијата, којашто првин била објавена на Фејсбук страницата „Само во Хамилтон“ во среда, стана вирална, при што многумина го опишале тој миг со зборовите „прекрасен“ и „совршен“.

„Не знам дали можете да го постирате ова, но на момчето коешто седи до човекот со специјални потреби би сакал да му кажам благодарам.“

„Тој му дозволи да го држи за рака и да најде утеха во преполниот автобус. Кога ќе видам вакво нешто, ми го разубавува денот.“

Ова се само дел од коментарите кои ги преплавија социјалните медиуми.

„Тој посегна како да сака да се ракува со мене, но потоа продолжи да ми ја држи раката. Понекогаш едноставно морате да бидете несебичен и потребите на другите да ги ставите над вашите.“ изјавил Куото за Хафингтон Пост Канада. Подоцна тој добил порака на Фејсбук од семојството на Роберт, во која му се заблагодарувале за љубезната постапка.

fb03

Фотографијата собрала над 45.000 лајкови и над 10.000 споделувања на Фејсбук, како и значителен број на позитивни коментари.

Сподели на Facebook
пати видено