Што ќе направите ако добиете порака од еден погрешен број? Секако, можете да ја игнорирате и да продолжите со својот живот. Или подобро, учтиво да му објасните на испраќачот за забуната. Некои луѓе сакаат и да се пошегуваат малку. На пример овој татко решил да се пошегува со девојката по име Сид, откако таа по грешка му пратила фотографија од неа во фустан барајќи мислење за фустанот.

Во пораката пишувало: „Верувам дека оваа порака беше наменета за некој друг. Мојата сопруга не е дома, така што не можам да побарам од неа мислење, но јас и децата мислиме дека изгледаш одлично во твојот фустан! Дефинитивно треба да си го избереш овој!“

„Си помислив, ајде да ѝ го разубавиме денот на оваа млада дама.“, вели таткото Тони. Тој ги собрал неговите деца и ѝ испратиле симпатични пораки кои измамиле намсевки на нејзиното лице. „Си помислив дека одговорот на децата би поминал подобро отколку мислењето на средовечен, полничок, ќелав маж!“, вели Тони.

Она што не го знаел Тони е дека оваа обична шега ќе им ги смени животите. Детето кое недостасува од фотографијата за „одобрување на фустанот“ се вика Каизлер и во тој момент тој бил со неговата мајка, Рејчел на хемотерапија, затоа што има леукемија.

Пријателка на Сид ја споделила фотографијата со децата на Твитер, заедно со нивната приказна и веста станала вирална. Сега доброто дело има сосема неочекувани последици. За неколку дека семејството добило донации од 3.000 долари, а Тони вели дека тоа е повеќе од сумата што ја собрале од донации во изминатите две години.

Тони напорно работел за да ги подмири болничките сметки, а исто така вели дека полека почнале да „пропаѓаат“ како што се зголемувале сметките од болницата.

Исто така мајката на малиот Каизлер, Рејчел е изненадена и благодарна за дарежливоста на луѓето: „Многу е освежувачки што некој не потсети дека сѐ уште има добри луѓе во светот кои покажуваат добрина. Исто така сакам да им се заблагодарам на сите со целото мое срце, за сите убави зборови, за сите молитви, за сите донации, за сета љубов и поддршка.“

Сподели на Facebook
пати видено