Децата од СОС Детското село добија можност да го посетат киното „Cineplexx“ и да уживаат во дел од актуелните холивудски блокбастери, подарок од компанијата ФД Диџитал Фајнанс Интернешнал од Скопје, сопственик и оператор на брендот за онлајн кредити „Форца“.

Како општествено одговорна компанија, „Форца“ го поттикнува целосното вклучување на децата од СОС Детското село во општеството, посебно во културно-социолошкиот живот на нивните врсници.

„Форца“ и понатаму ќе продолжи да ги поддржува и иницира ваквите несекојдневни активности, со кои директно се влијае врз социјалниот живот на младите од СОС Детското село, како и нивната целосна интеграција како членови на локалната заедница, со надеж дека овие активности ќе послужат како инспирација за многу други компании кои имаат можност да помогнат во процесот.

Сподели на Facebook
пати видено