Секој што некогаш гледал романтичен филм, најверојатно бил изненаден од страста што ги опфаќала неговите херои. Но, не секогаш зад оваа страст стојат топли или барем пријателски односи.

Како и сите други, актерите имаат тенденција да не се сакаат многу. И понекогаш тие ги изразуваат своите чувства сосема сурово.

1. Анџелина Џоли и Џони Деп

Најпрвин Анџелина едвај чекала да соработува со Деп во филмот Турист, но откако почнале со работата тој не сакал да се раздели од долгата коса поради филмот. Според неа тој бил прилично неуреден и неодговорен.

Додека Деп за Анџелина сметал дека е напната и арогантна и на сите прекини за време на снимањето не излегувала од нејзината приколка.

2. Рис Витерспун и Винс Вон

Односите помеѓу овие актери не биле добри за време на снимањето на филмот Четири Божиќа. Винс не се навикнал на јасната рутина на денот и го одложувал снимањето. Тој претпочитал импровизација на долги проби. А Рис, напротив, како вистински перфекционист, секогаш доаѓала наутро на време за да има повеќе време да се подготви.

3. Џулија Робертс и Мел Гибсон

Односот меѓу Мел Гибсон и Џулија Робертс беше пријателски, но Мел ги изрази своите чувства на чуден начин. На сетот на Теоријата за заговор (1997), тој фрли мртов стаорец завиткан во пакет во приколката на Џулија. Потоа стоел до приколката за да ја слушне како вреска. Оттогаш Џулија го избегнувала Мел.

4. Џенифер Анистон и Џеј Мор

Кога дознала Џенифер дека во филмот Портрет на совршенство со неа ќе глуми Џеј Мор пред сите други актери извикала „Нема шанси!“. На Џеј му се насолзиле очите и си заминал од сетот.

5. Џејми Дорнан и Дакота Џонсон

Фановите на Педесет нијанси на сиво можат да бидат разочарани: односот помеѓу актерите во животот се развива многу помалку страсно отколку на екранот. Во интервју за Today Show, тие биле многу напнати. Кога водителот ги прашал дали се мразат, Џејми климнал со главата, а Дакота го избегнала одговорот.

6. Патрик Свејзи и Џенифер Греј

Dirty Dancing можеби е еден од најромантичните филмови, но Патрик и Џенифер не се сложувале баш најдобро. Во својата автобиографија, Свејзи напишал дека девојката се однесувала премногу детски: викала ако била критикувана или се смеела во погрешен момент, поради што морала неколку пати да ја снима истата сцена. Тој вели дека нејзиното постојано менување на расположение било тешко да се поднесе.

Сподели на Facebook
пати видено