Фирмата „Improbable“ , која што работела на повеќе градови во светот и правела виртуелни симулации за да се помогне во урбанистичкото планирање, добила финансии за да тргне чекор напред, да создаде Матрица, која што скоро и да не се разликува од реалноста.

Што би можело да тргне наопаку?

Според фирмата нивните ИТ експерти имаат развиено софтвер кој може да се користи за сè, без разлика дали се работи за игри, па се до создавање на нови светови во кои што луѓето можат да живеат со помош на специјални слушалки. Интересно е тоа што јапонски ИТ конгломератот SoftBank одлучил да и даде „мал“ финансиски поттик од 1 милијарда долари.

„Ние веруваме дека следната голема фаза во компјутери ќе биде појавувањето на големи виртуелни светови кои го збогатуваат човечкото искуство и ќе го промени начинот на кој го сфаќаме вистинскиот свет,“ вели Херман Нарула, извршен директор на „Improbable“.

Првиот производ на „Improbable“, SpatialOS, е опишан како оперативен систем кој треба да развие големи симулации на податоци, овозможувајќи создавање на виртуелни светови и системи на податоци ориентирани во различни области и однесувања, како што се одбраната, економијата, сообраќајот и забавата. Фирмата го користи овој оперативен систем за да се создаде симулација на реалниот свет.

„Ние веќе работиме на проекти со телекомуникациските компании, влади и претпријатија за да се истражуваат можности за масивни, детални симулации за да се донесуваат подобри одлуки во реалниот свет и се надевам дека ќе се зборува повеќе за ова во иднина,“ рече Нарула.

За време на Code конференцијата во 2016 година, генијалецот кој што стои зад Тесла и Спејс Икс, Елтон Маск претпоставува дека „ шансите ние да не сме веќе во симулиран универзум се еден наспрема милијарда.“

Филмот Матрикс од 1999 година и серијата Црно Огледало од 2011 не се релативно нова работа. Филозофите од далечното минато се прашувале за реалноста на нашиот свет и предвидувале како тоа ќе доведе до хиперреалноста каде што ништо не е сосема оригинално.

Рич Тери научник во лабораторијата на НАСА вели: „Ако некој почне да напредува неколку децении во иднината, за многу брзо време ќе бидеме општество каде што вештачката интелигенција ни помага да живееме во симулиран свет во кој што има многу повеќе изобилства од човечкиот. Искрено ако веќе не живееме во симулиран свет, тогаш тоа е навистина ретка ситуација.“

Тогаш кој го создал овој симулиран свет? „Самите луѓе од иднината,“ вели Тери.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено