Филмот „Бележникот“ се оствари преку приказната на овој пар. Мари и Гери Рајан, се родени со само еден ден разлика во Типерари и навистина уживале во нивната романса која траела 8 децении. Тие се запознале кога имале само 17 години и починале во истиот ден, на 93-годишна возраст. Мари имала Алцхајмерова болест, а Гери секоја вечер и читал поезија, исто како во филмот.

Во нивните последни часови побарале да им ги спојат креветите за да можат да се држат за раце. Тие починале спокојно во понеделник. Вработени во домот за стари лица каде што биле сместени Мари и Гери објаснуваат како Гери често ја држел Мари за раката за да ја потсети на старите денови. „Се обидуваше да ја ориентира во сегашноста секој ден. Тој ќе седнеше и ќе и читаше песни, таа ја сакаше ирската поезија, а ноќе и пееше. Никогаш не сум видела такво нешто. Работам во дом за стари лица 13 години и никогаш не сум видела нешто слично. Многу и беше посветен.“, вели медицинската сестра Сарита.

Мари и Гери се венчале 9 години по нивното запознавање, кога воената кариера го донела Гери во Њубриџ. По напуштањето на војската, Гери ја завршил докторската дисертација со помош на Мари. По успешната кариера како професорка во средното училиште во Њубриџ на Мари и била дијагностицирана тешка форма на Алцхајмерова болест.

Посветениот Гери станал постојан негувател на неговата сакана сопруга и неколку години се грижел за неа и за домот, се додека и самиот не се разболел, развивајќи тежок артритис. Мари починала во 3.45 часот, а Гери починал во 5.20 часот истиот ден.

Сподели на Facebook
пати видено