Јосиф бил роден на 18 декември 1878 година во градот Гори, Грузија. Тој имал тешко детство, поради тоа што неговиот татко бил алкохоличар и низ животот го следеле повеќе болести и несреќни настани. Како млад, студирал да стане свештеник за подоцна да стане атеист. Некаде помеѓу 1910 и 1912 година, тој го променил своето име, кое подоцна ќе стане синоним за диктатура. Негово ново име било Јосиф Сталин.

По смртта на Ленин во 1924 година, Јосиф Сталин станал лидер на СССР и тој останал на оваа позиција до неговата смрт на 5 март 1953 година. Под неговото владеење, Советскиот Сојуз станал една од најмоќните земји во светот, а Сталин кон непријателите се однесувал безмилосно. Совршен пример за немилосрдноста на Сталин е кога неговиот син, Јаков бил затворен од страна на нацистичките сили. Хитлер сакал да преговара но Сталин го оставил синот да скапува по затвори, каде што подоцна починал.

Освен што бил суров, Сталин бил и параноичен и затоа барал двојници. Се верува дека постоеле над 20 двојници на Сталин со само двајца и се познати на јавноста. Првиот бил човек по име Рашид, кој бил регрутиран од КГБ откако слушнале дека изгледал како Јосиф Сталин. Тој поминал 2 години обука со актер кој ја играл улогата на Сталин во неговите пропагандни филмови. По смртта на Сталин, Рашид се преселил во мал изолиран град и ги избричил неговите мустаќи. Тој починал во 1991 година на возраст од 93 години и никогаш не се сретнал со друг двојник од диктаторот.

Вториот двојник ја раскажал неговата приказна во 2008 година, кога била добиена дозвола од Русија. Името на двојникот било Феликс Дадаев и тој станал двојник на Сталин кога имал околу 20 години. Служејќи како војник во Втората светска војна, тој бил тешко повреден и однесен во болница. Тогаш му пристапил човек од тајната служба и Феликс бил прогласен за мртов и однесен во Кремљ за да се подготви за неговата „улога“.

Роден во Дагестан, поранешниот балетски танчер и жонглер сега учел како да стане лидер. Сталин лично ја побарал неговата обука и иако имало 40 години разлика во нивната возраст, Феликс сепак изгледал како Сталин. Со шминка на лицето, облечен токму како тиранинот, Дадаев присуствувал на состаноци низ цела Русија. Тој дури и патувал во Јалта за познатата конференција, но само за медиумите.

Двојникот во 2008 година изјавил дека разликата помеѓу него и Сталин биле ушите и гласот. Дадаев ја чувал неговата тајна до 88-та година од неговиот живот затоа што се плашел од КГБ, но сите беа изненадени кога КГБ ја поддржа неговата приказна. Дадаев направил неколку интервјуа и напишал автобиографија. Тешко е да се поверува дека книгата е објавена без потреба за дозвола од сегашните руски власти.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено