Комичарот Џорџ Карлин е познат како еден од најконтроверзните забавувачи на нашето време и човек без влакна на јазикот, а кога би се прашувале властите и владата, тој слободно може да биде сметан за терорист.

Карлин не бил насилна, ниту криминална личност во било кој поглед, но за време на своите настапи тој кажал нешта што погодиле во коренот на проблемите во американското општество, но и воопшто во современата цивилизација во која сите ние живееме. Тој доста детално ја критикувал корупцијата во владата и бизнис секторот во Америка.

За време на судскиот случај Федералната комисија за комуникации против Фондацијата Пацифика од 1978 година, владата го цитирала Карлин како пример за вулгарност. Неговиот сегмент „Седум валкани зборови“ го искористиле да покажат каков јазик се користи на плочите и претставите. Но, интересот на владата на САД за делото на Карлин не запрел тука.

carlin1-1

Веднаш по неговата појава на шоуто на Џеки Глисон во 1969 година, Карлин го свртел вниманието на ФБИ со тоа што кажувал вицови за тогашниот шеф на Федералното истражно биро, Џ. Едгар Хувер. Според владата, Карлин „со сатирична суетност зборувал за Бирото и директорот.“

Тие додале дека неговиот настап бил „со многу лош вкус“ и било „очигледно дека го користел престижот на Бирото и г-н Хувер за да ја подобри својата изведба.“

По појавата во емисијата, персоналот на Џеки Глисон примил поголем број на анонимни писма – наводно од фанови на шоуто, но можеби и од персоналот на ФБИ – во кои се осудувал Карлин затоа што зборувал за владата на таков критички начин како што го правел тоа. Докажано е дека ФБИ навистина праќале заканувачки писма на јавни личности, преправајќи се дека се загрижени колеги или обични граѓани, вклучувајќи и на личности како д-р Мартин Лутер Кинг Џуниор.

carlin4

Секој којшто ќе проговор за неправдите во светот и општеството, било да се работи за опасен терорист или безопасен комичар, го добива несаканото внимание од властите. А кога ќе го посакате нивното внимание, за нив едноставно не постоите, вие сте само бројка во гласачкиот список.

Дванаесетте страници од ФБИ досието на Карлин можете во целост да ги прочитате тука.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено